Лампард и Варди – најдобри во октомври во Премиерлига

Макфакс

08/11/2019

17:16

1.326

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Челси, Френк Лампард е избран за најдобар менаџер, а Џејми Варди од Лестер за играч на месец октомври во Премиерлигата.

Младиот фудбалски стручњак беше импресивен минатиот месец. Челси под негово водство ги доби сите три меча во ПЛ со гол разлика 9-3.

Лондонскиот клуб прво го победи Саутемптон нагости до 4-1, потоа на свој терен славеше над Њукасл со 1-0, па

следуваше гостински триумф кај Барнли со 4-2.

Лампард зад себе ги остави Јирген Клоп (Ливерпул), Грем Потер (Брајтон), Брендан Роџерс (Лестер) и Дин Смит (Астон Вила).

Голгетерот на Лестер Сити, Варди имаше импресивни настапи во октомври. Постигна 4 гола, а имаше и една асистенција. Посебно беше впечатлив хет-трикот против Саутемптон во победата на „лисиците“ од 9-0.

Варди е првиот играч кој постигнал 10 гола во ПЛ оваа сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг