Tоксична и опасна материја се излеа од цистерна во ОХИС: Граѓаните пријавиле болки во главата и печење на очите

Нетпрес

08/11/2019

17:10

3.394

Големина на фонт

а а а

Инспектори на општина Кисела Вода, Град Скопје и од Државниот инспекторат за животна средина и екипа на Минисерството за внатрешни работи вршат увид во кругот на Охис каде се случило излевање на вода со која била чистена цистерна во која претходно бил складиран метил акрилат мономер.

Инспекторатот постапил по дојава од жители кои утрово почувствувале миризба во околината на фабриката.

Од Државниот инспекторат за животна средина за МИА појаснуваат дека истекувањето се случило во погон во кој фирма препакува и отстранува историски хемикалии кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство.

– Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, истакнува за МИА инспектор кој е на терен.

Фирмата има дозвола да препакува т.н. историски отпад кој го пакува во буриња и го извезува во Швајцарија. Станува збор за отпад во количина од 60 до 70 тони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг