Се фотографирала само со појасите - жените ѝ се восхитуваат на храброста зошто целосно гола застанала пред камерите

Кармин

08/11/2019

18:07

6.857

Големина на фонт

а а а

УФЦ шампионката Аманда Нунес, пред претстојната УФЦ борба се фотографирала прекриена само со појасите. Следела лавина од коментари, а жените воглавно ѝ се восхитуваат на храброста.

Оваа девојка има покрупна градба на телото, но и огромно срце. Одлучила да се соочи со сопствениот страв и да застане пред камерата. За потребите на фотографирањето избрала да носи исклучително само појаси, а сите го забележале овој детаљ.

Тој детаљ се забележува кога ќе ја погледнете фотографијата од текот на снимањето.

Таа носела впечатливо црвени чорапи и бели папучи па многумина се позанимавале со тоа.

Нунес четири пати ја бранела титулата на УФЦ шампионка, а сега повторно ќе се бори за тоа против Де Рандамие на 14-ти декември. Тоа ќе биде реванш борба од пред шест години кога славела Нунес, а воедно тоа е “пресметка“ на сегашната и поранешна УФЦ шампионка.

Аманда наскоро би требало да стане и родител затоа што нејзината вереница Нина Ансаров прекинала со ММА кариерата за да затрудне.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk