„Комити“ за Карачиќ: Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар…

Дерби

08/11/2019

15:59

1.129

Големина на фонт

а а а

Утре Вардар се среќана со Кјелце во Лигата на шампионите, а тоа значи дека Игор Карачиќ се враќа во Скопје и во СЦ „Јане Садански“ со тоа што сега ќе биде на спротивната страна и ќе го носи противничкиот дрес.

Ама без разлика на тоа Хрватот остави голема трага во „црвено-црниот“ табор, клуб за кој настапуваше скоро една деценија и дефинитивно е еден од милениците, па навивачката група „Комити“ испрати една порака пред утрешната средба која започнува од 17:30 часот.

- Има многу играчи кои ќе не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме…

Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој еден не е Македонец по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој, легендата – Игор Карачиќ !!!

Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно.

Игор е наш, наш и ќе остане.

Сите во сала !!!



Спонзорирани линкови

Маркетинг