Скопјанка повредена откако избувнал пожар во автомобилот што го управувала

Макфакс

08/11/2019

15:52

1.298

Големина на фонт

а а а

Скопјанка на возраст од 22 години била итно пренесена во болница откако избувнал пожар во нејзиниот автомобил марка „форд фокус“.

Како што информираат од МВР, во вечерните часови на 7 ноември било пријавено дека на булеварот Трета македонска бригада настанал пожар во „форд фокус“ во движење, управуван од 22-годишната Е.А. од скопското село Горно Количани.

Девојката се здобила со повреди и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од скопската противпожарна бригада.



Спонзорирани линкови

Маркетинг