Фудбалерите на Милан имаат очаен старт на сезоната и се наоѓаат на средината на табелата, а овој викенд ќе се судрат против големиот ривал Јувентус.
Директорот на Милан, Иван Газидис сепак верува дека „Росоњерите“ не се така далеку од враќањето на вистинскиот пат, а токму дуелот против Јувентус може да ги врати на вистинскиот пат.
„Нашиот тим е млад и се развива. Изгубивме од Лацио, но имаме шанса повторно да почнеме да се надеваме. Мораме да се фокусираме на сегашноста, ги сакам ваквите прилики“, изјави Газидис и додаде:
„Уверен сум дека можеме да одиграме добра партија против Јувентус. Мислам дека овој натпревар може да ни помогне да го вратиме Милан на вистинскиот пат, повторно да стане голем клуб“, изјави Газидис.