За многумина Памела Андерсон е прва асоцијација кога ќе се спомне култното списание за мажи - “Плејбој“.
Русокосата американска актерка 14 пати се соблекла за насловната страна на најпознатото машко списание, а една од насловните страници која не се заборава секако е онаа од 2001-та година кога Памела позирала со розов пиштол, во бикини чиј горен дел ги покривал само брадавиците од нејзините гради.
Оваа фотографија “Плејбој“ ја објавиле на својот Инстаграм профил, а фановите на Памела Андерсон се потсетиле на нејзините најдобри денови.
Сексапилната Памела со пиштол во рака ја лајкнале повеќе од 160 илјади луѓе, а многумина се согласуваат дека ова било едно од најсексапилните задоволства кои некогаш се појавиле.