Вил Смит на шега отишол на колоноскопија, но набрзо добил лоши вести: Лекарите му откриле опасна работа во стомакот

Точка

08/11/2019

21:10

41.378

Големина на фонт

а а а

Докторката на 51-годишниот актер Вил Смит го натерала да се подложи на колоноскопија, што тој и го направил тоа, но како што и самиот рекол – на шега.

Колку сметал дека сето тоа е безопасно, докажува и фактот што одлучил да го сними целиот преглед и порачал дека “со голиот задник ќе достигне бројка од 50 милиони следбеници на Инстаграм”. 

Меѓутоа, ништо не завршило онака како што тој мислел дека ќе заврши бидејќи на Вил во текот на прегледот му бил пронајден полип на дебелото црево.


“Докторот пронашол полип, го отстранил и го испратил на анализа. Се утврдило дека станува збор за преканцероген полип, а од тој тип во 95 отсто од случаите настанува рак”, му соопштила неговата докторка Ејла Стенфорд преку видео повик.

“Што значи сега тоа кога е во прашање мојот живот?”, прашал Вил.

“Тоа значи – фала што беше совесен пациент и што ме послуша кога ти кажав дека мораш да направиш колоноскопија. Знаеме дека ваквите прегледи спасуваат животи, а раното откривање на канцер може исто така да ти го спаси животот, но луѓето секогаш сметаат дека се чувствуваат одлично и поради тоа не одат на преглед. Доколку не направеше колоноскопија, полипот би растел и растел”, објаснила докторката.


“Ти благодарам што ме натера да го направам ова. Мислев дека ќе биде забавно кога ќе снимам сè, но не можев да замислам дека ќе ми пронајдат преканцероген полип. Ти благодарам што прифати да зборуваш со мене пред целиот свет. Луѓето треба да се грижат за здравјето и да поживеат што е можно повеќе години“ ѝ порачал Смит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг