Моника и Чендлер повторно заедно, а фановите одвај го препознале актерот: "Што му е на лицето?"

Точка

08/11/2019

14:23

4.468

Големина на фонт

а а а

Моника и Чендер од "Пријатели" повторно, накратко, се појавиле заедно на селфи кое го објавила Кортни Кокс на својот профил на Инстаграм.

"Погодете со кој бев денес на ручек...Знам!!! Можам ли да бидам посреќна?", напишала Кортни покрај фотографијата со колегата од серијата, Метју Пери. "Вистински пријатели", додала во описот. 

"Мети! Ве сакам", се јавила Џенифер Анистон, односно Рејчел од серијата, а се огласила и Лиса Кудроу. Фановите за само неколку часа ја лајкнале фотографијата повеќе од два милиони пати.

Но, освен еуфоричните коментари поради средбата на ликовите од "Пријатели", имало и многу кои биле загрижени за изгледот на актерот.

"На мене Метју воопшто не ми изгледа како Чендлер. Како да е сосема други личност", напишал еден фан.

"Што е со неговото лице?", напишал друг.

"Дали тој бил на пластична операција?", напишале некои од коментаторите, но фановите веднаш застанале во одбрана на познатиот актер.

Пери, кој четири пати бил номиниран за "Emmy", никогаш не криел дека се бори со депресија и зависност, а минатата година минал три месеци во болница поради руптура на цреват. Последниот филм го снимил пред 10 години, додека во серија последен пат се појавил во 2017-та година. Кога станува збор за серијата што го прославила, рекол дека повеќе не би ја снимал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг