Поп пејачката Каролина Гочева е позната по елегантниот и префинет стил кој воедно е и многу сексапилен и знае да ги привлече машките погледи.
Таа постојано докажува дека е една од најстилизираните дами на македонската јавна сцена, а нејзиниот Инстаграм профил е преполн со модни фотографии за секое годишно време и прилика.
Овој пат, Каролина за потребите на фотосесијата носела кусо здолниште и сако од твид, нежна бела кошула и беж чизми до колена, а во фокус се ставени нејзините витки и долги нозе.
Набрзо по објавата на ваквите фотографии кои изгледаат светски, започнале да се нижат позитивните критики во коментари. Голем број следбеници напишале дека таа е прекрасна како и секогаш и дека изгледа многу подобро од двојно помладите девојки од неа.