Тренерот на Надал вели подготвени сме, навивачите и понатаму во „магла“!

Макфакс

08/11/2019

11:23

133

Големина на фонт

а а а

Големо е интересирањето на јавноста и публиката за завршниот Мастерс тениски турнир во Лондон, кој почнува в недела, а на кој Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал ќе се борат за првото место на АТП-листата. Сепак, сè уште не е познато дали Шпанецот ќе заигра во „О2“ арената.

Шпанскиот тениски ас на Матерсот во Париз без борба го предаде мечот со Денис Шаповалов во полуфиналето поради повреда на стомачни мускули.

Тренерот на Надал, екстенисерот Карлос Моја, ги израдува навивачите на неговиот ученик.

„Во средата работевме на терените во Квинс, а вчера првпат ид во ‘О2’ арената. Тренингот помина добро, одиме чекор по чекор. Внимателни сме, но знаеме дека имаме уште неколку дена пред нас. Рафа почна и да сервира, првпат по Париз. Не беше тоа премногу силно, но напредокот е евидентен. Би требало да биде подготвен да се натпреварува в понеделник“ , вели Моја.

Надал би требало првиот меч во Лондон да го одигра в понеделник против Александер Зверев, кој ја брани титулата во Лондон.

Во нивната група се и Данил Медведев и Стефанос Циципас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг