Индија ќе стане најбогата земја на светот: Тврди дека кравите произведуват нешто неверојатно - му се смее цел свет

Точка

08/11/2019

10:14

3.261

Големина на фонт

а а а

Индиски политичар го изнасмеа целиот свет со изјавата дека индиските крави произведуваат злато во млекото.

Првиот човек на „БЈП“ од западен Бенгал, Дилип Гош смета дека тоа е можно благодарение на уникатна жлезда која го создава скапиот метал кога сончевата светлина паѓа врз него.

Гош и претходно имаше контроверзни изјави, тврдеше дека луѓето кои што консумираат говедско месо се антисоцијални, но оваа изјава дека кравите во Индија произведуваат „златно млеко“ дефинитивно ги надмина сите негови изјави.

„Одликата на индиските крави е нивното млеко да содржи злато. Затоа бојата на млекото е жолтеникава. Странските крави имаат рамен грб, како бивол. Индиските крави имаат грпка во која што има артерија која е наречена „златна артерија“. Кога сончевата светлина ќе падне врз неа, се произведува злато“, изјави политичарот за време на неговиот говор на истокот на Индија.

Тој нагласи дека убивањето на кравите и јадењето на нивното месо е страшно злосторство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг