На актерката ѝ се слошило на сетот: Кетрин Денев доживеала мозочен удар

Точка

08/11/2019

09:55

2.477

Големина на фонт

а а а

76-годишната Кетрин Денев доживеала мозочен удар поради што моментално се наоѓа во болница во Париз.

Славната француска актерка, споед пишувањата на тамошните медиуми, е хоспитализирана во многу сериозна состојба, но за среќа нејзините моторни функции не се оштетени. 

Кетрин го доживеала мозочниот удар во текот на снимањето на последниот филм “De Son Vivant” на режисерот Емануел Беркот, пренесува “AP”. Светските медиуми пишуваат дека актерката пати од голем умор и дека нејзиниот организам бил преоптоварен, а тоа го потврдило и нејзиното семејство.


Иако моторните функции не ѝ се оштетени, Денев ќе мора да посвети сериозно внимание на своето здравје и потребно е да мирува одреден период. Кога ќе излезе од болница, таа нема да може веднаш да се врати на снимањето на филмот, туку извесно време ќе биде на боледување.

Славната актерка претходно оваа година присуствуваше на филмскиот фестивал во Венеција, на промоција на својот нов филм “The Truth” во кој се појавува покрај Жулиет Бинож. Филмот го отвори овој престижен фестивал.

Кетрин важи за легенда на францускиот филм и симбол на духот по кој се познати Французинките. Таа во 1993 година беше номинирана за Оскар.


Актерката кон почетокот на 2019 година се соочи со сериозни финансиски проблеми, а некои тврдеа и дека таа банкротирала. Поради незавидната ситуација, таа ги продала своите работи од познатиот дизајнер Ив Сен Лорен на аукција. На продажба се нашле нејзините фустани, чевли и костими.



Спонзорирани линкови

Маркетинг