Претседател е на една од најбогатите европски земји, но не се вози во скапи лимузини како нашите политичари...

Точка

08/11/2019

08:51

5.847

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Австрија, Александер Ван Дер Белен повторно ја воодушеви јавноста и покажа дека функцијата, моќта и славата не го промениле.

Тој е претседател на една од најбогатите европски земји, но тоа не го спречува да се вози со подземната железница во Виена, како и секој друг „обичен“ жител на австриската престолнина.

Австрискиот претседател дури не е опкружен ниту со обезбедување и фотографиран е како разгледува документи додека веројатно патува на работа.

Ова не е прв пат Ван Дер Белен да користи јавен градски превоз за да се движи низ Виена. Тој исто така беше фотографиран во воз на подземната железница и во јануари оваа година, а фотографијата ја сподели и на својот профил на Инстаграм.

Ниту овој пат не одолеа, па фотографијата исто така ја објави на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг