Произведено во Кина: На американската војска ѝ продавале кинеска опрема, па завршија во затвор!

Точка

07/11/2019

20:45

3.269

Големина на фонт

а а а

Компанија од Лонг Ајленд на американската војска ѝ продала кинеска опрема, лажно тврдејќи дека станува збор за американски производ.

Американските федерални агенти во четвртокот наутро уапсија шест раководители и вработени во компанијата "Aventura Technologies", а потоа извршија и голема рација во седиштето на компанијата.

„Обвинетите со години лажно тврделе дека нивната опрема за надзор и обезбедување е произведена на Лонг Ајленд. За тоа зеле големи провизии, без оглед на ризикот по националната безбедност на нашата земја. Тие криеле дека уредите се всушност произведени во Кина со голема сајбер ранливост“, изјави американскиот обвинител Ричард Донахју.

Овој случај предизвика вистински „потрес“ во Пентагон, затоа што опремата на оваа компанија била поставена во многу објекти кои ги користи американската армија.

"Aventura Technologies" се претставила како компанија која „дизајнира, програмира и произведува“ безбедносни хардверски и софтверски производи. Оваа компанија досега соработувала со американската влада, армијата и со неколку други компании.

Компанијата нуди фотоапарати, камери и друг хардвер за видео надзор, софтвер за препознавање на лице и вештачка интелигенција, како и опрема за скенирање на разни производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг