Меркел му возврати на Макрон: НАТО е камен темелник на нашата безбедност!

Точка

07/11/2019

19:15

3.446

Големина на фонт

а а а

Откако денес францускиот претседател Емануел Макрон ги шокираше западноевропските земји со изјавата дека „НАТО има мозочна смрт, а Европа е на работ на провалија“, реагираше германската канцеларка Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел, шефица на највлијателната и најмоќна европска земја, денес оцени дека речникот кој го употребил францускиот претседател Емануел Макрон е суров и нагласи дека таа не го дели неговиот став.

„НАТО Алијансата останува камен темелник на нашата безбедност“, порача германската канцеларка Ангела Меркел на конференцијата за новинари со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Берлин.


Првиот човек на најмоќниот воен сојузна светот, Столтенберг, исто така го отфрли описот на НАТО од страна на францускиот претседател.

Емануел Макрон претходно во интервју за „Економист“ оцени дека НАТО Алијансата е на смртна постела и минува низ мозочна смрт, а Европа е на работ на провалија.

Макрон ги предупреди европските земји членки на Алијансата дека повеќе не можат да се потпрат на Соединетите Американски Држави, односно дека од Америка повеќе не може да се очекува да застане во одбрана на членките на НАТО Алијансата.


„Тоа што моментално го поминуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа се наоѓа на работ на провалијата“, порача Емануел Макрон.

Според францускиот претседател, Европа мора да почне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила, затоа што во спротивно, Европа повеќе нема да ја контролира својата судбина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг