Фотографираше бездомник како спие во ресторан, па го нападна несреќниот човек: Но, тоа целосно го промени неговиот живот...

Точка

07/11/2019

18:50

4.524

Големина на фонт

а а а

Американка забележала како бездомник спие во ресторан на „Мекдоналдс“, па го фотографирала и објавила статус на социјалните мрежи со кој го напаѓа несреќниот човек.

„Ова е уште една причина за да го напуштам Фајетвил. Бев во „Мекдоналдс“ во центарот на градот и го видов овој човек како спие на сепарето. Им кажав на вработените дека некој спие на нивното сепаре и тие ми рекоа дека го познаваат и дека е во ред, а јас им реков дека тоа не е баш во ред“, напиша очигледно револтираната Луен Кофилд на „Фејсбук“.


Меѓутоа, на нејзината објава реагираа илјадници луѓе, а нивната реакција не беше таква каква што таа очекуваше. Многумина ја критикуваа што го напаѓа бездомникот, кој подоцна се откри дека е 21-годишниот Сајмон Чајлдс.

Неговата мајка неодамна починала и тој се одмарал во ресторанот меѓу смените. Кога добрите луѓе ја виделе објавата на Кофилд, веднаш собрале помош за Чајлдс и неговото 1-годишно бебе. Неколкумина го повикале да престојува во нивните мотели, а сопственик на локален ресторан му го позајмил својот автомобил.


„За неколку дена ми го променија животот“, изјави Чајлдс за американските медиуми кој после еден месец ја запозна и Кофилд која беше згрозена од тоа што вработените во „Мекдоналдс“ му дозволиле да спие во ресторанот и јавно го нападна.

„Не сакав да го повредам. Жал ми е, тоа што го видов ме погоди“, изјави Кофилд и го прегрна Чајлдс.

„Сакам да ти се заблагодарам. Не можеби за тоа што си го напишала, туку затоа што ми помогнам да подигнам од дното“, порача Чајлдс.

Од друга страна, Кофилд вети дека никогаш нема да напише нешто такво на социјалните мрежи и доколку пронајде слична таква ситуација, ќе реагира поинаку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг