Веројатно нема личност која не слушнала за контроверзниот настап на пејачката Лејди Гага и актерот Бредли Купер, за кој ни тој ни таа не сакале да зборуваат.
Песната "Shallow" која двајцата ја извеле заедно на сцената на доделувањата на Оскарите оваа година кренала многу прашина. Се зборувало дека двајцата се во врска, дека се сакаат и дека тоа е причината поради која таа ја раскинала врската, а тој се развел од убавата манекенка Ирина Шајк.
"Мислам дека новинарите испаднаа многу луди. Ние снимавме љубовна приказна. Како изведувачи и актери, секако дека сакавме луѓето да мислат дека се сакаме. И сакавме луѓето да ја почувствуваат таа љубов на доделувањата на Оскарите. Сакавме тоа да мине низ објективот на сите камери и до секоја телевизија. Работевме напорно на тоа, со денови. Ние ja испланиравме целата ситуација до најситен детаљ и беше организирана како настап", рекла Гага.
Таа додала дека на крајот си признале еден на друг дека одработиле одлична работа, пишува "Marie Claire".