Макрон шокирал со апокалиптичен став: Европа е на раб на провалија, а НАТО е клинички мртов

Точка

07/11/2019

13:05

4.356

Големина на фонт

а а а

"Тоа низ што моментално минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа се наоѓа на раб на провалија", изјавил францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон во интервјуто за Економист додал дека Европа мора да почне стратешки да размислува за самата себе како за геополитичка сила. Во спротивно Европа повеќе нема да ја контролира својата судбина. 

"Повеќе не постои никаква координација во носењето на одлуки меѓу САД и сојузниците во НАТО. Никаква. Имаме некоординирана агресивна акција со една членка на НАТО, Турција, во подрачје во кое се загрозени нашите интереси", рекол Макрон.

Францускиот претседател додал дека досега Америка и Европа делеле интереси и дека тој неуморно се обидувал да ги одржи добрите односи со Доналд Трамп.

Меѓутоа, Макрон смета дека Америка по прв пат има претседател кој "не ја дели нашата идеја за европскиот проект" и дека, дури и ако Трамп не победи на следните избори, историските текови го направиле своето и ги разделиле сојузниците.

Како што нагласил, Европа мора да се разбуди.

На прашањето дали верува во ефективноста на членот 5 на НАТО, односно идејата дека во случај на напад на една членка на НАТо сите останати земји ќе дојдат на помош, што многу аналитичари го сметаат за главно средство на одвраќање од напад на членките на НАТО, Макрон одговорил:

"Не знам. Но што ќе значи членот 5 утре?".



Спонзорирани линкови

Маркетинг