„Добил пари и задача“: Криминолог ги открива деталите од убиството на водачот на “Алкатраз“ кои укажуваат дека злосторството го извршил професионалец

Точка

07/11/2019

11:33

12.659

Големина на фонт

а а а

Водачот на навивачката група на Партизан “Алкатраз“, Љубомир Кича Марковиќ, вчера беше погребан, а зад неговата ликвидација која судејќи според околностите била долго подготвувана однапред, останале отворени многубројни прашања.

Криминологот Добривоје Радовановиќ за српски “Блиц“ вели дека судејќи според снимката на злосторот, ликвидацијата ја извршил професионален убиец.

На снимката која ја забележале безбедносните камери се гледа дека водачот на “Алкатраз“ со ранец на рамениците стоел пред балонот и чекал да премине улица за да се упати кон својот автомобил.

Во следниот момент позади грб му приоѓа маскирана личност која очевидците ја опишале како млад маж, облечен во долга, светла јакна со капа на главата. Марковиќ го забележал кога истиот стоел на еден метар оддалеченост и веднаш почнал да бега кон бензинската пумпа.


Дали тоа го направил затоа што видел познат лик од порано па знaел дека ќе следи пукање или пак тргнал во бегство поради тоа што го видел оружјето кое убиецот го ивадил од џебот не може јасно да се заклучи од видеото, но криминологот објаснува дека според деталите јасно е дека станува збор за професионалец.

„Тоа што пред многу сведоци извршил убиство е вообичаено за професионалците, тие не внимаваат дали има сведоци, дали може да има невини жртви, дали има камери... Тој добил пари и задача и тој ќе го направи тоа. Тоа што Марковиќ паднал на земја, а овој пришол да пука од близина исто така е одлика на професионалците“ - објаснува криминологот Радовановиќ.

Особено невообичаено за него бил фактот што Марковиќ гледајќи што следува почнал да бега.

„Не ми е јасно зошто почнал да бега кога убиецот му пришол толку многу блиску. Тој му се приближил од страна на грбот, прекриен со некоја облека за да не може да се види и кога го забележал почнал да бега. Шансите да побегне од напад со пиштол се еднакви на нула, а кога би започнал контра напад и кога би пружил отпор, шансите за да преживее би биле поголеми. Било каков начин на самоодбрана би му помогнале на некој начин“ - вели Радовановиќ.

Од друга стана пак, полицијата исто така истражува дали Кича знаел дека подготвена му е ликвидација на што укажува фактот што со себе носел оружје дури и кога оди да игра мал фудбал.


За мотивите се претпоставува

Полициската истрага и понатаму е во тек, а доказите укажуваат на неколку можни решенија. Извори блиски до случајот велат дека злосторството било иницирано од тоа што Марковиќ наводно сакал да оформи нова навивачка група.

Според тие информации, би станувало збор за навивачка група во чии редови би се нашле луѓе кои сега припаѓаат на некои други фракции. На чело на таа група требало да биде тој и водачот на групата “Шедоус“, Горан Кљештан нарекуван Боска, кој на почетокот на октомври под нејанси околности починал во теретана во текот на тренинг.

Криминологот Радовановиќ сепак мисли дека најверојатно станува збор за “центар кој продава дрога“.

Тоа што засега е јасно е дека ликвидацијата била однапред добро испланирана. Екзекуторот кој имал засилување ги знаел навиките на Марковиќ, дека тој ден ќе оди да игра мал фудбал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг