„Некст тајм“ откриваат зошто „Јовка Кумановка“ ѝ даде предност на „Нешто ќе те питам бабо“

Точка

07/11/2019

10:53

4.787

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на премиерната изведба на „Јовка Кумановска“ на 9-ти ноември на плоштадот во Куманово, разговараме со Мартин и Стефан („Некст тајм“), за тоа кој беше иницијатор за оваа преработка, дали преработката на изворните песни е наменска или случајна, може ли да се живее од музика во Макеоднија, кој ги финансира...

За Точка раскажуваат интересна случка за време на снимањето на спотот за последната преработка и откриваат на кои локации се снимаше. 

Чија беше идејата да се преработи Јовка Кумановка? 

Некст Тајм: Идејата дојде од градоначалникот на град Куманово Максим Димитријевски, кој ни се јави и не покани на средба за да разговараме за целата идеја, што всушност значи целата таа желба и зошто сака да ја реализира преку нас. Бидејќи првата замисла беше да се промовира пред „Нешто ќе те питам бабо“ . Веднаш кажавме дека имаме други планови за тој период и дали може да се остави Јовка Кумановка за после летото поточно да се реализира целиот проект на 11 Октомври. Наидовме на разбирање и ете ја моментално во етер и на социјалните мрежи и Јовка Кумановка. 

Наменски поради годишнината која ја прославува Куманово или случајно?  

Некст Тајм: Јовка Кумановка е подарок од страна на Некст Тајм, Општина Куманово и Екстра меин за сите Кумановчани по повод 500 години Куманово,на што и еве „Некст Тајм“ сега на 9-ти ноември на плоштадот во Куманово на големата прослава на градот ќе настапат заедно со нивниот бенд и премиерно ќе се изведе Јовка Кумановка.

Очигледно е дека на спотовите им посветувате посебно внимание. На кои локации се снимаше ? 

Некст Тајм: Снимавме неколку дена, снимавме на плантажите на Винарија „Стоби“, Демир Капија кај „Вила Марија“ -винаријата,Колешинските Водопади во Струмица, на кулатата Зебрњак во Куманово која самата по себе носи голема историја и низ неколку полиња во Македонија каде што сметавме дека носат вистинска убавина за овој спот.  


Имаше ли интересни случки за време на снимањето? 

Некст Тајм: Хахаха, па имавме обврска да присуствуваме на свадба претходната вечер кај близок пријател од средно. А требаше да станеме во три часот за да снимаме сцени каде што Стефан пее покрај огнот. Да чекаме изгреј сонце и не беше пријатно да сте во наша кожа. Не спиевме цела вечер, па и ден. Но, благословени сме што можеме да се бавиме со ова и фала Богу уживавме и без сон.  


Која е симболиката на ѓерданот што повеќе пати го гледаме на спотот?  

Некст Тајм: Во самата песна се збори веројатно метафорично за некаков Ѓердан (Окови), но ние сакавме да го претставиме како детал на Јовка која што го заборава. Додека малото турче иако е мало е заслепено од нејзината убавина и ја следи насекаде. Па така и го наоѓа Ѓерданот на Јовка и кога иде да и го даде ја гледа со нејзината љубов Костадин и помалку се разочарува:)  


Претходната „Нешто ќе те питам бабо“ се пушташе и на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ. Побараа дозвола, да не случајно некој помисли дека е наменска? 

Некст Тајм: Тука во Македонија можеш без пари да симнеш песни од Youtube, филмови од Zamunda и секакви други торенти. Така што нема потреба на никој да му забрануваме и да ја пушта нашата музика. Кој сака нека ја пушти и каде сака нека ја пушти. А зашто ја пуштиле прашајте ги нив. Ние сметаме дека им се допаднала премногу веројатно.  

Имате ли настапи низ Македонија и каде?  

Некст Тајм: Цело лето бевме презафатени со настапи. Секако, секогаш сакаме повеќе и повеќе. Но и тоа што го одржавме концертно како во Македонија, така и во соседна Бугарија беше супер. Создаваме полека и нова публика и тоа не прави посебно горди и среќни. 

Следно - преработка или нешто новокомпонирано?  

Некст Тајм: Сакаме да го завршиме албумот со ваков тип на песни што е можно поскоро, а веруваме тоа дека ќе биде почетокот на новата година. 

Останете будни и очекувајте не , ќе не има!

Бидејќи сте посветени само на музика, кој ве финансира и може ли во нашата земја да се живее само од музика? 

Некст Тајм: Веруваме дека со самите успеси се појавува и финансиската придобивка што и не е најважна. Но, ете мора да се живее од нешто. На крајот на краиштата и тие финансии секогаш сме ги вложувале во кариерата. Не ги трошиме на скапа облека и луксузни автомобили, тоа нас не не исполнува. Со самите успеси идат и настапите, така што ете ви го одговорот, твориме, создаваме, настапуваме и инвестираме.   

(А.В)



Спонзорирани линкови

Маркетинг