Владата ќе потроши над 2,8 милиони евра за канцеларија и паркинг-место во седиштето на НАТО

Макфакс

06/11/2019

16:17

2.918

Големина на фонт

а а а

Владата ќе потроши над 2,8 милиони евра за канцеларија и паркинг простор во седиштето на НАТО во Брисел.

„На денешната седница Владата ја усвои информацијата за купување и адаптација на деловен простор во седиштето на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО. Висината на финансиските средства за оваа намена, за купувањето на 996,37 метри квадратни, односно 878,10 метри квадратни нето на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација, изнесува 2.872.255 евра“, соопштија од Владата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг