Ова се гледа еднаш во животот: На крајбрежјето на Финска забележан бизарен природен феномен

Точка

06/11/2019

15:07

4.181

Големина на фонт

а а а

Фотографиите од овалните ледени формации кои настанале по пат на случајност на островот Хаилуото на север од Финска, ги изненадиле корисниците на социјалните мрежи и многу брзо станале вирални.

Фотографиите од смрзнатите “јајца“ со различни големини ги направил жител на Оулуа и аматерски фотограф Рист Матила во текот на прошетка по плажата Марјаниеми.

Според неговите зборови, првпат се сретнал со оваа необична појава иако 25 години живее во близина на морето.

„Мојата сопруга и јас стоевме таму восхитувајќи се на неверојатниот природен феномен. Бидејќи имав камера со себе, одлучив да го засведочам овој феномен“ - изјавил Матила за националната телевизија “Ile“.

Ништо неприродно

Јоуни Ваинио од финскиот Метеоролошки завод објаснил дека “смрзнатите јајца“ иако се навистина ретки, имаат научно објаснување.

За да се појават, потребно им е ретко видена комбинација на воздухот и водни услови кои се блиску до смрзнување.

“Јајцата“ се формираат околу ситните честички кои се вртат во ладното струење како снегулки со што мразот полека “расте“ околу нив.

Притоа, за овој процес клучно е да има точно одредена количина на ветер.

„Премногу ветер ќе спречи формирање на “јајца“. Од друга страна пак доколку има премалку ветер водата само би замрзнала на плажата во рамномерен слој“ - објаснил Ваинио.




Спонзорирани линкови

Маркетинг