BMW M2 CS: Први фотографии од минхенската лимитирана сензација

Точка

05/11/2019

19:22

2.775

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија првите фотографии од новиот M2 CS во Misano Blue боја - покрај тоа што нуди фантастични перформанси, овој BMW изгледа перфектно.

BMW се уште го нема официјално претставено M2 CS кој ќе биде од 2020-та моделската година и ќе биде испорачан во само 2,200 примероци. Од нив, 500 ќе бидат испорачани на американскиот пазар, но добар дел ќе остане во Европа.

Тролитарскиот V6 мотор ќе развива 450 коњски сили, а силата ќе се пренесува на задните тркала со 6-брзинскиот мануелен или 7-брзинскиот DCT автоамтски менувач. Овој автомобил од 0 до 100 км/ч развива за само 3,8 секунди (DCT), односно 4,0 во верзијата со мануелен менувач.


Вљубениците во "M" моделите на BMW веднаш ќе можат да ги препознаат разликите во однос на стандардниот "M2" модел, најмногу поради низата на карбонски елементи кај каросеријата.


BMW M2 CS својата премиера ќе ја има на пролет идната година, а колку ќе биде ексклузивен овој модел најдобро говори и најавенат ацена. Се очекува Баварците овој модел на германскиот пазар да го продаваат со почетна цена од 82,500 евра.






Спонзорирани линкови

Маркетинг