Ова е единствениот автомобил на BMW со V16 мотор и несекојдневен дизајн

Точка

04/11/2019

16:42

3.790

Големина на фонт

а а а

Баварскиот производител експериментираше пред 30-тина години со V16 мотор чиј систем за разладување се наоѓа на невообичаено место.

Моторите со 16 цилиндри се вистинска реткост во авто-индустријата, а меѓу производителите кои што направија ваков агрегат и го вградија во автомобил е BMW.

Приказната за 16V моторот на BMW започнува во 1987-ма година, кога Германците како основа го употребија постоечкиот 5.0-литарски V12 кој после модификациите имаше работна зафатнина од 6,651 ccm и дополнителни 4 цилиндри.


Моторот беше поврзан со 6-брзински мануелен менувач и испорачуваше 408 коњски сили (300 kW) во модифицираниот BMW 750iL. Тоа од денешна перспектива не изгледа многу, но претставува големо унапредување во однос на V12 моторот кој развива 299 коњски сили (220 kW).


Интересно е тоа што, поради големината на моторот, инженерите на BMW морале да го изместат системот за негово ладење во багажникот, па автомобилот имаше прилично необичен дизајн.


Прототипот на Series 7 со V16 моторот им бил презентиран на шефовите на BMW, но после долгото размислување тие не дале зелено светло за понатамошен развој и сериско производство, па проектот набрзо бил прекинат и заборавен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг