Дваесет години се борела со неподнослива мигрена, а потоа се излекувала кога престанала да го јаде ова

Точка

03/11/2019

19:56

12.418

Големина на фонт

а а а

31-годишната Леја Харисон, две децении патела од силни мигрени. Таа мислела дека станува збор за тумор на мозокот, но тестот за интолеранција на храна покажал поинаков резултат.

“Обожував макарони со кашкавал, паста со кашкавал спремена на било каков начин, но се утврди дека тие не ме сакаат мене”, изјавила Леја. 

Уште од тинејџерското доба, таа патела од мигрени кои биле толку жестоки што неретко ја доведувале до плачење. Пиела силни лекови против болки од кои некогаш спиела и по цели денови и се плашела дека има тумор на мозокот, кој бил причина за смртта на нејзиниот вујко.


Анализата на крв покажала дека Леја всушност е интолерантна на млечни производи, но и на јајца, квасец и пченица, па во целост морала да ја промени својата исхрана.

Штом престанала да консумира млечни производи – таа веднаш се почуствувала подобро.

“Сега подобро функционирам, можам да се фокусирам на работата и не се чувствувам уморно по ручекот. Повеќе не се плашам дека малата главоболка ќе доведе до нешто полошо”, истакнала 31-годишната Харисон.


Од Националниот здравствен центар во Обединетото Кралство наведуваат дека исхраната може да биде клучна причина за мигрена. Се претпоставува дека околу 6 милиони луѓе во Велика Британија страдаат од силни главоболки.  

Состојката наречена тирамин која се наоѓа во одредена храна како што се сирењата чедар, стилтон и камемберт, како и во сувомеснатите производи, може да биде проблематична за одредени луѓе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг