Вистинска драма во воз - изгубил 2 милиони евра во купето, а потоа се случило чудо...

Точка

01/11/2019

09:19

2.311

Големина на фонт

а а а

Британски виолинист во возот заборавил виолина стара 310 години, пишуваат од Би-би-си. Стивен Морис минатата недела излегол од возот, а потоа сфатил дека внатре ја заборавил виолината, една од неколкуте виолини кои ги изработил мајсторот Дејвид Течлер во 1709-та година.

„Поразувачки е да ја изгубите, а освен нејзините вредности тоа е исто како да ми ја отсече некој раката“ - додал Морис.  

Морис патувал со воз од Лондон до Орпингтон во четвртокот навечер и излегол на станицата Пенг Ист и потоа продолжил понатаму со својот велосипед, но без инструментот.

Се проценува дека губењето на виолоната вреди околу 250 илјади фунти. Според Би-би-си, Морис го пријавил губењето на виолината во британската полиција.


Инструментот кој го поседувал од 2003-та година неодамна бил реставриран. Морис требало да го користи инструментот на два концерти минатиот викенд во Кралската филхармонија и Андреа Бочели.

Наместо драгоцената виолина морал да се послужи со виолината од својата сопруга Сара Сексон која исто така е виолинистка.

Морис имал свое влијание во снимањето на музиката за “Господар на прстените“ и Џејмс Бонд, а бил и придружник на Дејвид Боуви.




Спонзорирани линкови

Маркетинг