„Убавицата и Ѕверот“ им ги стоплија срцата на луѓето ширум светот: Овој сладок пар со својот танц нема да ве остави рамнодушни

Точка

30/10/2019

16:38

1.609

Големина на фонт

а а а

Непосредно пред Ноќ на вештерките, многу деца се маскираат и важно е да смислат колку што е можно поинтересна маска, а можеби најблиску до тоа е девојчето Емили Кеј, на која мајка ѝ ѝ помогнала во измислување на костимот.

Малата Емили посакала да биде Убавицата од Дизни цртанот, а бидејќи тој лик ја врзува со Ѕверот, и семејниот пес Руди добил прикладна маска.

Емили и Руди заиграле гледајќи го познатиот цртан, а мајката тој момент го забележала со камера и видеото го објавила на социјалните мрежи. Девојчето и нејзиниот најдобар пријател станаа вирален хит и ги освоија срцата на луѓето ширум светот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг