Тие се пример како од преголема слава и вреќа полна со пари да дојдеш до самиот раб на животот - и пониско

Точка

29/10/2019

18:41

7.386

Големина на фонт

а а а

Некои успеале да преживеат, а некои не се избориле со пеколот на наркотиците и алкохолот. Преголемата популарност, огромна количина пари, тежок живот, но и тренд се само некои од причините поради кои славните холивудски имиња почнале да користат наркотици. Некои успеале да се оттргнат од тоа, некои сè уште се обидуваат.

Деми Ловато (27), пејачката која јавно признала дека е зависна од кокаин на само 18 години првпат завршила во установа за одвикнување. Оттогаш до денес таа повеќе пати се враќала на таквите институции, но без некој поголем успех.

Лејди Гага (33) во својата автобиографија признала дека била зависна од кокаин. Таа открила дека поминала неколку денови поминати во затвор во мрачна соба со огромна количина супстанци од кои била зависна. Гага открила дека пријателите ѝ помогнале и некако ја извлекле од тој пекол.


Мелани Грифит (62), американска актерка, признала дека вкупно трипати била на одвикнување, а како што кажала - таа е првата која останала жива.

„Никогаш не сум користела хероин, па затоа мислев дека сум подобра од другите. Но, тука имаше многу алкохол и кокаин. Огромни количини. Јас само мислев дека добро се забавувам“ - рекла во една прилика Мелани.

Бен Афлек (47) важи за еден од попроблематичните актери во Холивуд иако неколку пати одел на одвикнување што не му помогнало. Покрај наркотиците, Бен долго водел борба и со алкохолизмот.

Семјуел Џексон (70) уште од тинејџерските денови бил дел од пеколот. Тој на само 15 години земал LSD.

„Ќе отидев на некоја забава, ќе се напиев неколку текили, а потоа ќе одлучев дека ми треба кокаин за да ме “дигне“ уште повеќе. Едно утро сопругата ме пронајде како лежам без свест на подот на кујната и тогаш одлучив да престанам“ - изјавил Џексон.

Опра Винфри (65) е славна водителка која во животот признала дека била зависник од дрога, но дека тоа е далечно и грозно минато кое го оставила зад себе.


Роберт Дауни Џуниор (54) можеби има и најмногу искуство затоа што уште како мал на шест години првпат консумирал наркотици кога лично татко му му дал џоинт. Подоцна тие двајцата заедно консумирале наркотици.

Чарли Шин (54) освен што своите милиони ги трошел на услуги на ескорт дами, актерот дневно знаел да потроши дури до 2.000 долари само на кокаин кој го мешал со други супстанци.

Мел Гипсон (63) не мачел мака со наркотици, но бил тешко заглавен во алкохолот. Познато е дека сака да си се напие, меѓутоа тоа што е поголем проблем дека кога е во алкохолизирана состојба знае да ги навредува сите.

Мајкл Џексон - кралот на поп музиакта со години водел борба со користење на недозволени наркотици. За жал тој не успеал да се избори со тоа, што на крајот го чинело живот. Починал во својот стан во Беверли Хилс на 25-ти јуни, 2009-та година.


Ејми Вајнхаус дека користела наркотици не криела. Јавноста знаела дека пејачката ужива во консумирање хероин и кокаин, но сепак според официјалните информации се докажало дека починала од предозирање на алкохол.

Мерилин Монро, познато е дека е една од најпознатите жени во светската историја и имала големи проблеми. Таа често знаела да се напие алкохол и таблети за својата состојба да ја држи под контрола како што таа мисли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг