Индијанците по грешка го добиле ова име. Имено, европските поморци сметале дека прекуатланската земја која ја откриле е всушност Индија.
Индијанците биле народ кој живеел во целосен склад со природата и затоа изгледале како “примитивно цивилизирани Европјани”.
Колку биле напредни и подобри од остатокот од светот, сведочат и нивните мудрости кои ја одразуваат интеракцијата помеѓу човекот и природата.
Нивните мисли во истовреме биле и едноставни и длабоки:
- Добрата личност гледа добри знаци.
- На секоја личност ѝ се потребни тивки денови за да се чуе себеси.
- Оној кој молчи знае двојно повеќе од говорникот.
- “Неопходно е” само да се умре.
- Домот е онаму каде се чувствувате добро.
- Во внатрешноста на секоја личност се борат добар и зол волк. Волкот кој го храните секогаш победува.
- Сè на светот има своја песна.
- Детето е гостин во вашиот дом: нахранете го, научете го и пуштете го.
- Знаењето е скриено во секоја работа. Некогаш целиот свет бил библиотека.
- Кога ќе се исече последното дрво, ќе се загади последната река, кога ќе се улови последната птица – тогаш човекот ќе сфати дека не може да јаде пари.
- Сакајте ја својата земја. Не ја наследувате од родителите – вие ја позајмувате од вашите деца.