Историски моменти забележани со камера: Две фотографии кои ја покажуваат разликата меѓу Трамп и Обама

Точка

28/10/2019

10:02

10.016

Големина на фонт

а а а

Фотографиите направени во Белата куќа покажуваат голема разлика во стилот на двајцата претседатели на САД, Барак Обама и Доналд Трамп.

Станува збор за фотографии кои ги покажуваат двајцата претседатели додека соопштуваат многу важни вести - смртта на лидерот на ИСИС, Абу Бакар ал Багдади, односно лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен 8 години порано. 

Белата куќа во неделата објавила фотографија од Доналд Трамп окружен со петмина високи безбедносни советници во моментот додека ја надгледуваат операцијата на американската војска во Идлиб, Сирија, во која загинал Багдади.

На фотографиите се прикажани шест мажи во темни одела и униформи како позираат гледајќи со строги погледи.

Притоа претседателскиот грб на фотографијата е видлив точно над главата на Трамп.

Фотографијата повикува на споредба со снимката од истата кризна соба на Белата куќа, чие официјално име сега е "конференциска сала Џон Ф. Кенеди", на која во мај 2011-та година претседателот Барак Обама окружен со соработници ја надгледува операцијата на американските маринци во која е убиен Бин Ладен.

На таа фотографија, на која снимените актери не позирале, прикажани се 13 целосно или делумно видливи лица кои седат на пренатрупана маса.

Обама на фотографијата носи поло маица и лесен мантил и поднаведнат е напред на столчето, кое е малку изместено од центар, а најекспресивно лице на снимката има државната секретарка Хилари Клинтон, која ја држи раката на уста додека покрај неа седи министерот за одбрана Роберт Гејтс.

Фотографијата на Трамп, со претседателот во центар и сериозниот изрази на лицата, е повеќе формална и има за цел да го долови интересот на претседателот и да ја искаже моќта и величенственоста на неговата канцеларија.

Американската агенција "AP" наведува и дека таа фотографија го прикажува тесниот круг на соработници во кои тој има доверба.

Единствен детаљ кој ја уништува формалноста на фотографијата се каблите и компјутерот на масата пред мажите.

Помалку формалната фотографија на Обама прикажува неизвесност, а во кризната соба има толку многу метеж што претседателскиот грб е одвај видлив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг