Откриени се нови детали од ликвидацијата на лидерот на ИСИС: Се криел во возило со зеленчук, а клучните информации ги открила една жена...

Точка

28/10/2019

09:04

8.125

Големина на фонт

а а а

За време на потрагата по лидерот на ИСИС, екипите на ирачката разузнавачка служба ја обезбедиле клучната информација во текот на февруари минатата година, кога еден од најблиските соработниц на Абу Бакр Ал Багдади им открил како лидерот на ИСИС со години успева да се сокрие.

Багдади во текот на изминатите години, со цел да не биде откриен, често со своите команданти се возел во камиони со зеленчук и таму водел „стратешки разговори“, им открил Исмаел Ел Атави на ирачките власти откако бил уапсен.

„Етави откри драгоцени информации кои му помогнаа на ирачкиот тим да ја пополни сложувалката за движењето на Багдади и местата каде што се криел“, изјавил неименуван висок функционер од ирачката влада.

Исто така, еден од најблиските соработници на Багдади пред неколку месеци во Ирак бил убиен во воздушен напад на американските сили, а Американците исто така ја уапсиле неговата сопруга и им ја предале на ирачките власти.

Токму таа жена станала клучниот извор на информации за дивжењето на лидерот на Исламската држава и властите на Ирак благодарение на нејзините информации биле во можност да ги одредат координатите на движење на лидерот на џихадистите. Исто така, ирачките власти неодамна уапсиле негов роднина кој исто така понудил информации за неговото движење.

Споменатиот Етави открил детали за пет лица кои се сретнале со Абу Бакр Ал Багдади во Сирија како и за различните локации кои ги користеле. Етави инаку бил исламски теолог и еден од најблиските луѓе на Багдади. Етави бил задолжен на припадниците на најозлогласената терористичка организација на сите времиња да им ги пренесува неговите знаења за Исламот.

Уште една клучна пресвртница се случила на почетокот на оваа година во заедничката операција во која агентите на американската, турската и ирачката разузнавачка служба уапсиле истакнати членови на ИСИС, вклучувајќи четворица Ирачани и еден Сириец.

„Тие ни ги открија сите локации на кои се состанувале со Багдади во Сирија и одлучивме заедно со ЦИА да ангажираме повеќе луѓе во тие области“, изјавил ирачкиот функционер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг