Европските либерали кои се во коaлиција со Макрон настојуваат за старт на преговорите

Макфакс

27/10/2019

15:25

2.250

Големина на фонт

а а а

Либералните европратеници иницирале да се донесе резолуција од страна на Европскиот Парламент за почеток на преговорите со Македонија, информираа од Либерално-демократската партија по вчерашниот Конгрес во Атина.

Горан Милевски, министер за локална самоуправа и претседател на ЛДП рече дека ова е голем чекор, со оглед на тоа што либералите се во коалиција со партијата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Синоќа европските либерали на Конгресот во Атина донесоа едногласна резолуција со која што бараат започнување преговори, а ова е многу значајно затоа што либералите се во коалиција со Макрон и кога вашите коалициони партнери вршат притисок за почеток на преговорите и тоа има многу поголема тежина за разлика од другите притисоци кои се прават врз претседателот на Франција“, рече Милевски.

Емил Кирјас од ЛДП вели дека во самиот текст на резолуцијата стои дека Македонија и Албанија треба да бидат индивидуално разгледувани, а не групно, нешто што е реалност за Европската унија.

„Во самиот текст на резолуцијата стои дека секоја земја мора да биде индивидуално оценувана, согласно своите успеси и напоредок, а за нашата земја беше кажано дека ги има исполнето сите очекувања кои беа предвидени и дека нема никакви изговори зошто повторно би се одлагал датумот. Не би било изненадување ако има раздвојување меѓу две земји зошто реалноста во ЕУ го налага тоа. Заклучокот на резолуцијата е дека почетокот на преговорите треба да започне на првиот нареден Самит во декември и либералите недвосмислено стојат зад тоа“, вели Кирјас.

Од ЛДП велат дека биле разочарани од односот на грчкиот премиер и дека Грција пропуштила да биде стратешки партнер на Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг