Јуве за 380 милиони евра ќе го доведе Мбапе во Торино?

Макфакс

26/10/2019

14:37

2.456

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе пред две години стана вториот најскап фудбалер во историјата откако ПСЖ го доведе од Монако за 180 милиони евра.

Најдобриот млад играч во светот со првакот на Франција потпиша договор до летото 2022 година, а на „Паркот на принцовите е доведен во пакет со Нејмар кој од Барса кај „светците“ премина за рекордни 222 милиони евра.

Мбапе не искажува незадоволство од резултатите на ПСЖ во Европа, за разлика од Нејмар, но и тој смета дека во кариерата мора да игра во клуб кој секоја година ќе конкурира за трофејот во ЛШ.

Мбапе пред неколку месеци изјави дека размислува за промена на средината, по што се појавија шпекулации дека можно е тој да се пресели на „Бернабеу“.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус има посебен, спектакуларен план како младиот француски фудбалер да го доведе во Торино.

Кај „Старата дама“ знаат дека не можат на долги патеки да сметаат на услугите на Кристијано Роналдо (Португалецот има 34 години), па сакаат да донесат играч кој во иднина ќе биде лидер.

„Тутоспорт“ пишува дека Јуве може да инвестира во Мбапе неверојатни 38 милиони евра и да потпише со него договор на 5 години.

Освен фактот дека така Французинот би станал најскапиот играч во историјата, Управата на Јуве смета дека плус повеќе за тие да дојдат до потписот на Мбапе е тоа што тој во неколку наврати нагласува дека сака да игра заедно со Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг