Претседателот Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Албанија.
Во Тирана, претседателот Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Албанија, Илир Мета. По тет-а-тет средбата на двајцата претседатели и пленарната средба, претседателот Пендаровски и претседателот Мета ќе имаат заедничка прес-конференција со почеток во 13 часот, која што ќе може да се проследи во живо на официјалната FB страница и на YouTube каналот на претседателот на Република Северна Македонија.