Девојка испратила порака од камионот на смртта: „Не можам да дишам, мамо те сакам“

Макфакс

25/10/2019

21:05

9.872

Големина на фонт

а а а

Прости ми мамо, умирам, не можам да дишам, напишала Виетнамка која веројатно била во камионот на смртта, каде 39 лица во средата беа пронајдени мртви.

Шест виетнамски семејства стравуваат дека нивни роднини се меѓу жртвите, иако првично полицијата објави дека станува збор за Кинези, но подоцна се огради од споделување на информации за националноста на жртвите.


Осум жени и 31 маж беа пронајдени мртви, а една од нив веројатно е и 26-годишната Виетнамка Фам Таи Тра Мај.

Патувала од Виетнам во Кина па во Франција, каде, според информациите на нејзиното семејство, со останатите се качила во камионот кон Велика Британија.

„Прости ми мамо. Моето патување не успеа. Те сакам. Умирам бидејќи не можам да дишам“, напишала таа вечерта во вторникот, два часа пред да почине.


„Мојата сестра исчезна на патот кон Велика Британија. Загрижени сме дека можеби била во контејнерот“, изјави Фам Нгок Туан за „Би-Би-Си“, споделувајќи ја пораката што им ја испратила Мај.

Семејството тврди дека Мај на крумчарите им платила 30.000 фунти за патот од Кина, во потрага по подобар живот.

Нејзините најблиски проговорија откако во петокот брачен пар беше приведен по претрес во домот и осомничен за убиство и трговија со луѓе. Дополнително вечерва приведено е уште лице, а возачот на камионот уште од средата се наоѓа во притвор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг