Енди Мари мора да ја заврши својата кариера - докторот јавно проговорел и ги изнел катастрофалните последици

Супермен

25/10/2019

17:31

5.716

Големина на фонт

а а а

Специјалист од клиниката во Цирих, Хан Ридигер, изјавил дека британскиот тенисер Енди Мари мора да престане да се занимава со тенис затоа што така би можел да добие труење од кобалт доколку продолжи да игра.

Олимпискиот шампион од Лондон и Рио де Женеиро има вграден вештачки колк од јануари оваа година.


„Да бидам искрен, не би ни помислил дека по таква операција може да се врати на спортот. Тоа е невозможно. Мари презеде голем ризик на себе. Во вградениот дел, двете метални шипки се тријат една од друга. Пред десет години таков метод беше користен во Швајцарија, понекогаш со катастрофални последици“ - изјавил Ридигер за швајцарски „Блик“.


Тој додал дека така може да се дојде до труење на крвта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk