Не се знае кој точно бил во камионот на смртта: Кинезите велат дека полицијата уште ги проверува идентитетите на жртвите! "Замислете ова да им се случеше на Европејци"

Точка

25/10/2019

18:32

2.957

Големина на фонт

а а а

Кинеската амбасада во Лондон соопштила дека британската полиција уште не може да потврди дека 39-те лица, кои биле пронајдени мртви во задниот дел од камионот, во близина на Лондон, биле кинески државјани.

Медиумите претходно пренеле дека британската полиција соопштила, а Пекинг потврдил, дека 31 маж и осум жени биле кинески државјани. 

Кинеската амбасада во Лондон на својот сајт објавила дека пратила тим во Есекс, кој се состанал со локалната полиција.

"Британската полиција кажа дека го проверува идентитетот на починатите, и дека моментално не е во можност со сигурност да каже дека тие се кинески државјани", наведува амбасадата.

Во меѓувреме, "Global Times", кој го објавува официјалниот весник на кинеската Комунистичка партија Народен дневник, ја повикал британија и другите европски држави да прифатат некаква одговорност за смртта на 39-те лица. Весникот оценува дека моментално е невозможно да се каже колкава е одговорноста на жртвите за трагедијата, но нагласува дека "толку сериозна хуманитарна катастрофа се случила пред очите на Британците и Европејците", пренесува "Reuters".

"Јасно е дека Британија и релевантните европски земји не ја исполниле својата одговорност да ги заштитат овие луѓе од таквата смрт", наведува весникот и додава дека дури и ако се утврди дека тие се прошверцувани во земјата, нивната смрт не е нивна вина.

Весникот оценува дека изгледа дека Британија не ја научила лекцијата од инцидентот во Довер пред 20 години, кога во ладилник биле пронајдени 58 мртви мигранти од Кина.

"Замислите колку темелни мерки европските земји ќе преземеа ако неколку Европејци беа колективно и трагично убиени на некој начин", наведува весникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг