Ибрахимовиќ повторно со коментари во свој стил: Ако си одам, МЛС Лигата ќе ја нема…

Дерби

25/10/2019

13:13

1.369

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ многу веројатно го одигра последниот натпревар во американската МЛС Лига.

Неговиот Лос Анџелес Галакси загуби на дербито против Лос Анџелес и ги загуби шансите за освојување на лигашката титула.

По средбата, Ибра им го покажа меѓуножјето на противничките фанови, а потоа даде изјава во свој стил со која меѓу редови ги навреди и лигата во која игра, и играчите кои играат во неа.

– Не сум негативец. Ми дофрлија и мораше да реагирам така. Овој стадион е премал за мене, јас сум навикнат да играм на стадиони со 80.000 гледачи. Ова беше како прошетка во парк. Ако останам тоа ќе биде добро за МЛС Лигата, затоа што цел свет ќе ја гледа. Јас го направив Лос Анџелес познат, јас дури го направив и Карлос Вела. Тие треба да бидат среќни, замислете ако јас не сум овде. Ако не останам никој нема да ја памети МЛС Лигата, - истакна Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг