Луис Саха го посочи фудбалерот кој треба да го донесе Манчестер Јунајтед

Дерби

25/10/2019

12:00

1.382

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед се мачи оваа сезона и во резултатски, но и во играчки план. Освен првото коло од Премиер лигата кога го совладаа Челси со 4:0, „ѓаволите“ на сите следни натпревари немаат постигнато повеќе од еден погодок на натпревар.

Слабата реализација во нападот доведе до тоа Солскјер да размислува за ангажман на напаѓач кој ќе го подигне квалитетот на играта. Се верува дека во клубот ќе пристигне Марио Манџукиќ во јануари, а во летниот преоден рок клубот ќе тргне по многу посилни фудбалери.

Луис Саха смета дека Манчестер Јунајтед треба да се обиде да го ангажира Килијан Мбапе од редовите на ПСЖ.

– Манчестер Јунајтед не смее да штеди пари за да го донесе Килијан Мбапе. Имаа потреба од играч во нападот кој е силен доволно да ја задржи топката и да отвори место и време за играчите од средината на теренот како Пол Погба и Скот Мектомини кои треба да креираат меѓусебни пасови, - изјави Саха за „Compare.Bet“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг