Ибра се прости од МЛС Лигата по тешкиот пораз од Лос Анџелес, на крајот се фати за гениталиите

Дерби

25/10/2019

11:57

1.239

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ нема да има можност да се бори за титулата во МЛС Лигата откако неговиот Лос Анџелес Галакси претрпе пораз од 5:3 од градскиот ривал Лос Анџелес.

Шведскиот напаѓач видно нервозен што нема да може да се натпреварува за титулата, потпадна на провокациите на противничките фанови па им одговори така што се фати за своите гениталии.

Потегот наиде на жестоки критики од спортската јавност во САД. Што се однесува до натпреварот, Лос Анџелес поведе со 2:0 со двата гола на Карлос Вела, а резултатот го намали Павон на асистенција на Ибрахимовиќ.

Токму Златан беше стрелец на вториот гол на Галакси за 2:2 во 55. минута. Спеак, Роси и Диоманде за само две минути донесоа повторно предност од два гола за Лос Анџелес. Флечер намали на 4:3, а конечниот резултат го постави Диоманде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг