Демонстрантите се вратија на улиците низ чилеанските градови незадоволни од економските отстапки кои ги најави владата во обид да ја смири ситуацијата после големите насилства.
Претседателот Себастијан Пињера изјави дека чекорите кои што ќе ги преземе владата мора да ги исполнат барањата на многу луѓе во 18-милионската јужноамериканска земја.
Меѓутоа, тој не го укина, туку само го одложи најавеното поскапување на електричната енергија од 10% за крајот на идната година.
Администрацијата на Пињера се бори со жестоки нереди кои што започнаа во петокот поради зголемувањето на цената на билетите за градскиот превоз. Според последните информации, најмалку 18 лица го загубија животот во нередите во инаку една од најстабилните земји во Латинска Америка.
Најголемиот дел од демонстрантите го изразуваа својот револт мирно, но сепак беа забележани и случаеви на подметнување на пожар, грабежи, и бруталност на полицијата која ја шокираше земјата.
Чилеанската влада оваа седмица најави и зголемување на минималната плата, а поскапувањето на цените на јавниот превоз беше поништено.