Де Лаурентис: Ибрахимовиќ може да биде движечка сила на Наполи

Дерби

25/10/2019

09:20

818

Големина на фонт

а а а

Наполи и во оваа сезона цели кон самиот врв и освојување на Скудетото во Серија А, меѓутоа веќе по осум кола има минус шест бода во однос на лидерот Јувентус што не е мала разлика со оглед на тоа што сме во раната фаза на шампионатот.

Меѓутоа има уште многу да се игра, на располагање има уште многу бодови и се може да се случи особено ако наполитанците го договорат Златан Ибрахимовиќ. На Златан му завршува договорот со Лос Анџелес Галакси и може слободно да ја избере новата средина, а враќање во Италија е една од опции.

Наполи дефинитивно го посакува и тоа лесно може да се заклучи по новата изјава на првиот човек на клубот Аурелио Де Лаурентис.

-Ибрахимовиќ е прекрасна личност, без разлика на мојот Наполи. Тој сепак може да направи многу и може да биде движечка сила за тимот. Убеден сум дека секој тренер би сакал да го има на располагање. Можеби дури и како еден вид референтна точка. Тој да биде за кој било тим, -порача Де Лаурентис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг