Ривалдо директно му посочи на Мбапе што треба да направи за да биде најдобар на светот

Дерби

25/10/2019

08:39

1.080

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе е еден од играчите пред кого е светла иднина, играч за кого голем број на фудбалски експерти, аналитичари сметаат дека во иднина може да биде број еден и да ги замени Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои долго време се на самиот врв на големата сцена.

Младиот напаѓач веќе има трофеи како на клупски така и на репрезентативен план, но според легендарниот Ривалдо поранешниот член на Монако ќе мора да си замине од Пари Сен Жермен и се пресели во Шпанија или Англија ако сака да стане најдобриот играч на светот.

-Нема сомнеж дека Мбапе има квалитет да стане еден од најдобрите во светот, бидејќи игра одличен фудбал и има огромен потенцијал. Тој ќе може да го развива својот талент играјќи во Ла Лига или Премиер лига. Лига 1 е јасно под нивото на Шпанија или Англија. Со должна почит кон ПСЖ, јас верувам дека тој во иднина мора да замине во шпанска или голема англиска екипа за да се потврди како наследник на Меси или Роналдо. Најдобрите играчи треба да играат во најдобрите лиги. Ама според мене ќе биде тешко Барселона да го потпише, бидејќи тој е многу скап поради неговата возраст, статусот на светски шампион и природната способност што го прави една од најголемите таленти во светот на фудбалот. Ако Барса имаше толку многу проблеми во обидот да го потпише Нејмар, замислете колку ПСЖ би барал Французинот, па затоа е речиси невозможно во моментов да се донесе овој одличен играч во Каталонија, -истакна Ривалдо за „Бетфер“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг