Заев: ЕУ знае дека нашето место е во европското семејство

Макфакс

24/10/2019

21:00

2.100

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Зоран Заев, изрази благодарност до Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

„Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно ѝ припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан“, напиша Заев на „Фејсбук“.

Европската Унија, додава тој, знае дека нашето место е во европското семејство. „Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука“, истакнува Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг