Наполи се интересира за Ибрахимовиќ, но условите не се прифатливи за Швеѓанецот

Точка

24/10/2019

16:03

1.552

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ неодамна изјави дека не би имал ништо против да се врати во италијанска Серија А.

Напаѓачот на ЛА Галакси се поврзуваше со Интер, меѓутоа „Нераѕурите“ не покажуваат заинтересираност за него, па сега италијанските медиуми пренесуваат дека Ибрахимовиќ преговара со Наполи.

Наводно популарниот Ибра бил голема желба на Карло Анлчелоти, меѓутоа не можел да се договори со Наполитанците затоа што побарал договор на 18 месеци и плата од вкупно 7,5 милиони евра.

Од Наполи наводно му понудиле милион и пол евра до крајот на оваа сезона и можност за продолжување на договорот, но таквите услови едноставно не се прифатливи за Ибрахимовиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг