Кутињо ја доби првата сериозна критика од легенда: Баерн има чуден странец во тимот!

Дерби

24/10/2019

14:09

1.402

Големина на фонт

а а а

Филипе Кутињо на првите неколку натпревари успеа да ги воодушеви Нико Ковач и Хасан Салихамиџиќ, но во ситуација кога Баерн Минхен почна да остварува доста променливи резултати во изминатите неколку недели, Бразилецот ја дочека и првата сериозна критика од легендарен германски фудбалер.

Дитмар Хаман кој е производ на фудбалската школа на Баерн играше пет сезони за првиот тим на германскиот првак, пред да замине во Англија каде посебно се прослави во Ливерпул, клуб со кој ја освои незаборавната титула во Лигата на шампионите во финалето во Истанбул. Хаман често знае да ги коментира случувањата во неговите два омилени клуба, а сега се фати за матичниот, ставајќи посебен акцент на најголемата ѕвезда која беше купена изминатово лето.

– Сето ова ми изгледа како Баерн да има чуден странец во тимот. Не можам да запаметам ниту една добра офанзивна акција од него. Кога имаш ваков играч во тимот и кога тој не прави разлика на теренот, тогаш имате проблем. Тој покажува само половина од талентот кој го поседува. Факт е дека му преостануваат уште најмалку 30 натпревари да ме демантира, но засега ова е мојот заклучок. Во еден момент ќе мора комплетно да се адаптира, не може цело време да се бара изговори во давањето време, – вели Хаман за „Скај Спортс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг