Викендов почнува зимското сметање на времето

Макфакс

24/10/2019

12:25

2.225

Големина на фонт

а а а

Викендов помеѓу 26 и 27 октомври почнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот в сабота кон недела ќе се вратат еден час наназад. Зимското сметање почнува во 3 часот по полноќ кога наместо три часот ќе биде 2 часот по полноќ.

Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март 2020 година.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг