Остров на огнот: Дали би смееле на вжештениот италијански остров?

Точка

23/10/2019

16:30

1.295

Големина на фонт

а а а

На островот Стромболи живеат околу 300 жители, иако "над главата им врие" еден од најактивните вулкани на светот.

Стромболи е остров одвоен од Сицилија, на него живеат 300 полнолетни жители кои населуваат две села, а над селата се крева активниот вулкан. Овој вулкан не бил отсекогаш толку агресивен и некогаш тука живееле неколку илјади луѓе, но во последните 90 години ерупциите се речиси редовни. 

Островот делува многу симпатично за оние кои знаат дека планината со совршени пропорции всушност исфрла оган. Само мал број на жители останале на островот по големата ерупција и цунамито во 1930-та година, останатите не сакале да ризикуваат, па се отселиле во главно во САД и во Австралија.

Островот Стромболи во денешно време станува популарен за туристи, и покрај потенцијалната опасност која постојано "демне". Туристичката популарност расте поради документарниот филм "Остров на огнот" на Ана Бресанин. Во филмот се објаснети причините поради кои луѓето одлучуваат да останат на островот.

"Тој е како пријател, како личност", рекол 12-годишниот Федерико Д'Амбросио, а жителите уште сметаат дека среќа е да се прифати силата на природата и ранливоста на животот

Стромболи секако е еден од најпосетените вулкани, а туристите вложуваат физички напори да се искачат до работ на кратерот, и покрај тоа оваа година настрадал еден планинар по две експлозии.

Во текот на летото островот е преполн бидејќи децата се на распуст и се враќаат дома. На островот нема училиште, поради што мора да одат на други места.



Спонзорирани линкови

Маркетинг