Откриена прекрасна византиска црква од 6-ти век кај Ерусалим: Мозаици, фрески и подземни крипти во зачувана состојба

Точка

23/10/2019

15:56

1.919

Големина на фонт

а а а

Црква од периодот на Византија посветена на неименуван светец е откриена денес во близина на Ерусалим, а по три години ископување, соопштиле денес израелските истражувачи.

При ископувањето биле откриени подови украсени со огромни мозаици кои прикажуваат птици, овошје или билки, разнобојни фрески и натпис на грчки кој ги збунил истражувачите, пренесува "Reuters". 

"Во дворот на црквата најдовме еден натпис посветен на славен маченик, кој не е именуван и за нас се уште е мистерија", рекол Бенјамин Сторхан, кој раководел со ископувањето.

Израелската управа за антиквитети проценила дека црквата, која се наоѓа западно од Ерусалим, датира од 6-тиот век.

Пронајдена е и подземна крипта под главниот дел на црквата и се верува дека во неа бил закопан маченикот на кој е посветена црквата.

"Ова е најсветото место во црквата", рекол Сторхан и додал дека свештениците претходно го посетувале тоа место.

Според неговите зборови, иако споменатиот маченик не е познат, Сторхан рекол дека раскошот на комплексот можеби укажува на тоа дека тоа лице било важно, како и дека друг натпис покажува дека византискиот цар Тибериј Втори Константин помагал во финансирањето на црквата.

"Постојат неколку стотици цркви во Светата земја, но оваа црква за многу ги надминува повеќето по состојбата на зачуваност и царското учество", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг